| четврток, 6 декември 2018 |

По прославата на 4 јули во Мајами загинаа четири лица

Четири лица загинаа, а над десетина се повредени во судар на три брода во пристаништето во Мајами, по огнометот по повод Денот на независноста.

Спасувачките екипи ги повикал еден од учесниците во судaрот, јавувајќи дека неговиот чамец, долг 11 метри, удрил во брод. Осум лица се веднаш пренесени во болница, а двајца од нив, маж и жена, подоцна починале.

Роднините на третата жртва го пронашле нејзиното тело во вода, а телото на четвртата жртва подоцна е откриено од спасувачките екипи, соопштија властите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top