| четврток, 6 декември 2018 |

Победник на Вимблдон за 2014 е Петра Квитова

Искусната чешка тенисерка Петра Квитова е победник на овогодинешниот тениски грен-слем турнир Вимблдон откако во финалето на победи младата канадска тенсиерка Ежени Бушар. Ова е втора титула за Квитова на неофицијалното светско првенство.
Финалето во женска конкуренција не донесе големо возбудување на централниот терен бидејќи Квитова за помалку од еден саат го скрши отпорот на Бушар и супериорно во два сета (6-3, 6-0) заслужено ја слави титулата.
Изненадувањето на овогодинешниот Вимблдон во женска конкуренција Ежени Бушар не покажа ништо од својот раскошен талент кој го презентираше на секој меч до финалето.

Wimbledon Championships

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top