| четврток, 6 декември 2018 |

На „Охрид фест“ ќе се пее на хинду јазик

Годинава за првпат на „Охрид фест” ќе се пее на хинду јазик. На фестивалот, кој од 20 до 23 август ќе се одржува на брегот на Охридското Езеро, ќе настапува и Надја Захор, популарна грчка пејачка, која воедно се потпишува и како композитор и текстописец и пее на четири различни јазици: грчки, англиски, хинду и пунџаби.

Позната е по карактеристичниот звук и боливудскиот шарм, а покрај музиката Захор држи часови по боливудски танци. Во 2009 година на “Охрид фест – Охридски трубадури” ја освои наградата за сценски настап.

Годинава ќе настапи на интернационалната вечер на 23 август и ќе пее на англиски и хинду јазик, со што ќе се запише во историјата на фестивалот како првиот изведувач кој пеел на хинду јазик.

 

извор: Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top