Годинава за првпат на „Охрид фест” ќе се пее на хинду јазик. На фестивалот, кој од 20 до 23 август ќе се одржува на брегот на Охридското Езеро, ќе настапува и Надја Захор, популарна грчка пејачка, која воедно се потпишува и како композитор и текстописец и пее на четири различни јазици: грчки, англиски, хинду и пунџаби.
Позната е по карактеристичниот звук и боливудскиот шарм, а покрај музиката Захор држи часови по боливудски танци. Во 2009 година на “Охрид фест – Охридски трубадури” ја освои наградата за сценски настап.
Годинава ќе настапи на интернационалната вечер на 23 август и ќе пее на англиски и хинду јазик, со што ќе се запише во историјата на фестивалот како првиот изведувач кој пеел на хинду јазик.
извор: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


