| четврток, 6 декември 2018 |

„Охрид фест“ со нова локација и нов уметнички директор

Интернационалната вечер на фестивалот „Охрид фест“ – „Охридски трубадури“, кој ќе се одржува од 20 до 24 август во Охрид, за нов уметнички директор го доби доктор Миодраг Врчаковски.

Фестивалот, кој годинава го слави својот 20-годишен јубилеј, ќе добие и нова локација. Наместо на летната сцена „Долни Сарај“, „Охрид фест“ годинава ќе се одржува на кејот кај шеталиштето близу до поранешниот хотел „Ривиера“ во центарот на Охрид.

„Охрид фест“ почнува на 20 август со детскиот фестивал „Чунга лунга“, по што следува вечерта на нови ѕвезди, фолк-вечерта, поп-вечерта, па интернационалната вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top