| четврток, 6 декември 2018 |

Осветување на „Фаќач на крст“ во Охрид

крстофатДенеска ќе биде осветено и отворено спомен-обележјето „Фаќач на крст“ во Охрид. Посветено е на големиот православен празник „Богојавление-Водици“, а е донација на Ванчо Чифлиганец и градежната компанија „Адора Инженеринг“. Тој беше кумот на манифестацијата во 2012 година. Скулптура „Фаќач на крст“ во бронза е висока три метри и 10 сантиметри. Фундаментот има три тона железо, 10 кубни метри бетон и е висок 2 метра. Скулптурата во бронза е дело на велешкиот скулптор Ангел Коруновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top