| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата покажа спремност – агресивните демонстранти искршија дуќани на Албанци (видео)

01Македонската полиција цело време ја држеше под контрола ситуацијата кај Бит Пазар. Денеска, по попладневната молитва во Јајапашината Џамија, група од околу 1000 демонстранти, главно на возраст од околу дваесетина години, се упати кон судот во кој им се судеше на осудените за убиството на петте невини лица кај Смилковско Езеро. Тие се незадоволни од доживотната казна за свирепото убиство на четирите момчиња од Радишани и еден рибар. Иако најавија мирен протест, закажан на Фејсбук, но не и пријавен во МВР, ситуацијата ескалираше. Почнаа со камењ и солзавец да фрлаат по полицијата. Иако голем кордон на полицајци ја обезбедуваше групата на демонстранти, масата со албански знамиња и исламски обележја скандираше „Алах Акбар“ и „УЧК“ и ги каменуваше зградата на Судот и полицајците. Полицијата професионално возврти на нападот. Не дозволија насилството да земе поголеми размери. За кратко време успеја да ја потисне толпата која беше принудена од пред судската зграда да се повлече кон битпазар, од каде за некое време беа принудени да одат кон Чаир.

Не може да се исклучат екстремно агресивните демонстранти. Еден од демонстрантите нападна новинарска екипа, удри врз камерман. Столчиња, шишиња, камења летаа врз полицијата. Агресивните демонстранти беа опасност и за оние кои мирно сакаа да протестираат пред судот. И нив ги изложја на опасност. Страдаа невини лица. Агресивните демонстранти удрија по локалните дуќани. Беа искршени голем дел од локалите кај Мавровка, главно сопственост на Албанците.

Повредени се многумина полицајци. Најмалку четворица беа пресесени со возило на Брза Помош. На дел од повредените им се укажуваше помош на лице место.

 


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top