| четврток, 6 декември 2018 |

Осум компании заинтересирани за „Телеком Словенијa“

teleokm

Осум компании доставиле необврзувачки понуди за преземање на  „Телеком Словенија“, објавија тамошните медиуми.

Понуда за купување на националниот оператор на Словенија доставиле руската компанија МТС, туски „Турксел“ и германската компанија „Дојче телеком“. Меѓу понудите се и на шест финасиски фондови: „Аполо глобал менаџмент“, „Синвен“, „Си-Ви-Си капитал партнерс“, „Пи-Пи-Еф груп“, „Ејпакс“, „Баин капитал ин провиденс еквити партнерс“.

Според информациите на медиумите во Словенија, највисока цена  од 150 до 160 евра по акција понудил финасискиот фонд „Баин капитал ин провиденс еквити партнерс“, додека „Дојче телеком“, кој беше фаворит за купување на словенечкиот национален телекомуникациски оператор, понудил 140 евра по акција. Словенија, меѓутоа  очекува акциите на „Телеком“ за време на продажбата да достигнат цена од 200 евра.

Во текот на оваа недела заинтересираните компании треба да почнат со длабинскиот преглед на операторот што сакаат да го купат, по што до крајот на јули заинтересираните компании треба да поднесат обврзувачки понуди.

Новиот сопственик на „Телеком Словенија“, според најавеното ќе се знае наесен.

Словенечката премиерка во заминување Аленка Братушек најави можно сопирање на приватизациските постапки на сите државни компании кои се во постапка на продажба се додека не биде формирана новата влада по изборите на 13 јули. Формирање на нова влада не се очекува пред септември.

„Телеком Словеније“ инку е сопственик на македонскиот телекомуникациски оператор „Оне“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top