Група вооружени маскирани лица, убија денеска тројца украински полицајци, а еден ранија во градот Доњецк на исток во Украина. Телата на полицајците се пронајдени во близина на железничка пруга во северозападниот дел од градот.
МВР на Украина наведува во соопштение дека напаѓачите побегнале и оти во тек е потрага по нив.
Властите во Киев покренаа во април офанзива за да преземат повторно контрола над регионите Доњецк и Лугањск. Од почетокот на судирите во регионот на Доњецк загинале 279 луѓе од кои 160 цивили, соопштија украинските власти.
Во двата региона загинале најмалку 460 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Лидерот на проруските бунтовници убиен во експлозија во Украина (видео)
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија


