| четврток, 6 декември 2018 |

Ново финале за Квитова на Вимблдон

Ново финале на Вимблдон ќе игра Петра Квитова на централниот терен во клубот „Ол-Ингланд“, каде што досега ја освои единствената гранслем-титула пред три сезони.

Денеска со победа против сонародничката од Чешка, Луси Сафарова, девојката од Биловец повторно се избори за големо финале во кариерата.

Во првиот сет 22-годишната гранслем-шампионка беше на маки, но го доби во тај-брејк со 8-6 во поени. Отпорот на Сафарова сосема спласна во вториот сет, што заврши со убедливи 6-1 за старо-новата финалистка на Вимблдон. Луси не успеа да се избори за прво гранслем-финале, каде што по вторпат на истиот турнир во Лондон ќе игра нејзината сонародничка.

Противничка на Квитова ќе ѝ биде подобрата од второто полуфинале меѓу Симона Халеп и Еужени Бушар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top