Град Скопје денеска ги почна градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште спроти „Рекорд“.
– Поради изведување на градежните работи, за сообраќај целосно ќе се затворат двете сообраќајни ленти од улицата Димитрие Чуповски, во насока од болницата „Наум Охридски“ (старата Градска болница) до такси-станицата „Ловец“. Сообраќајот ќе биде пренасочен по следниве улици: од крстосницата кај старата Градска болница, односно крстосницата со улицата Васил Аџиларски и улицата 11. Октомври, возилата ќе се движат преку улицата 11.Октомври, булеварот Кочо Рацин и улицата Свети Кирил и Методиј до булеварот Свети Климент Охридски. Возилата на јавниот градски транспорт ќе бидат пренасочени по истата траса и ќе ги користат постојните автобуски стојалишта – рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој го означи стартот на градежните работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)