
В сабота, на 5 јули, во 20 часот, во Центарот за култура во Струга ќе се случи промоцијата на романот „Резервен живот“ на Лидија Димковска во издание на „Или-или“, добитник на Европската награда за литература за 2013 година. За воведната реч е задолжен Ненад Јолдески, а водител на настанот ќе биде Мерсиха Исмајлоска, која пред присутните ќе одржи и книжевен разговор со авторката, на задоволство на струшките читатели.
Во романот се зборува за животот на главниот лик Злата Серафимовска во период од 40 години, и тоа, од нејзиното раѓање до навлегувањето во помирни животни води. Покрај приказот на животот на Злата, во заднина на дејството се наведуваат главните општествени настани, почнувајќи од 80-тите години на минатиот век до сегашноста, како потсетник на бурните времиња низ кои поминала Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


