Енди Мареј се прости од титулата на Вимблдон по убедливиот пораз, а ниту соработката со легендарната Амели Морезмо не тргна во посакуван правец. Шкотот лани, по долг пост, конечно, им ја донесе на Британците долгоочекуваната титула на гранслемот во Лондон, но на ова издание не беше на посакуваното ниво и испадна во четврт-финалето.
Убедливо со 3-0 во сетови го порази бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој ќе игра полуфинале со Новак Ѓоковиќ. Мареј неодамна ја ангажираше Амели Морезмо за тренер, но стартот беше лош, со елиминација во рана фаза за актуелниот шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


