| четврток, 6 декември 2018 |

Димитар Андоновски со „Ако ме боли“ победник на „Сунчане скале“

Димитар Андоновски победи на фестивалот „Сунчане скале“. Тој се претстави со песната „Ако ме боли“, со која го освои третото место на ланскиот „Скопски фестивал“. Песната, која и ден-денес е огромен радиски хит, е дело на Лазар Цветкоски и на Милан Миланов.

Тарабунов, пак, првпат се претстави со своја авторска композиција, за којашто аранжманот го подготви Дамјан Лазаров. „Глумила је анџела“ е и прва песна на српски јазик за македонскиот пејач.

Андоновски и Тарабунов пееја на првата вечер наречена „Нови ѕвезди“, а веќе следниот ден, на ревијалната вечер, ќе настапат голем број познати балкански музичари кои некогаш пееле на фестивалот, со што „Сунчане скале“ ќе го одбележи 20-годишниот јубилеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top