Димитар Андоновски кон почетокот на идниот месец ќе стане татко! Неговата сопруга Христина веќе е влезена во деветтиот месец од бременоста и ситно брои до породувањето, а дека брачната двојка е возбудена и со еуфорија ја чекаат приновата потврда е и фотографијата која пејачот ја објавил на социјалните мрежи каде позира заедно со саканата и го бакнува нејзиното трудничко стомаче.
-Ситно броиме, бебето доаѓа, напишал Димитар над фотографијата.
Парот веќе има смислено и име за малиот наследник, но додека не дојде на свет тие не сакаат да го откриваат во јавноста.
-Име имаме смислено, но не сакам да го откривам уште. Пресреќен сум што за кратко ќе се остварам како татко и поприлично сум возбуден, но немам трема, откри Андоновски, кој веќе неколку месеци е дел од составот “Тајфата” со кои наскоро ќе промовира и нов сингл со видеозапис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.