Димитар Андоновски победи на фестивалот „Сунчане скале“. Тој се претстави со песната „Ако ме боли“, со која го освои третото место на ланскиот „Скопски фестивал“. Песната, која и ден-денес е огромен радиски хит, е дело на Лазар Цветкоски и на Милан Миланов.
Тарабунов, пак, првпат се претстави со своја авторска композиција, за којашто аранжманот го подготви Дамјан Лазаров. „Глумила је анџела“ е и прва песна на српски јазик за македонскиот пејач.
Андоновски и Тарабунов пееја на првата вечер наречена „Нови ѕвезди“, а веќе следниот ден, на ревијалната вечер, ќе настапат голем број познати балкански музичари кои некогаш пееле на фестивалот, со што „Сунчане скале“ ќе го одбележи 20-годишниот јубилеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.