| четврток, 6 декември 2018 |

Москва одобри апсење на украински тајкун

Московскиот суд одобри апсење во отсуство на гувернерот на украинската Дњепропетровска област Игор Коломојски.

moskva1

Во Русија против тајкунот Коломојски е покрената кривична постапка поради организација на убиства и користење забранети средства и методи на водење војна.

Коломојски беше главен противник на прекинот на огнот и на какви било контакти со самоодбраната на југоистокот на Украина.

Богатството на Коломојски, еден од најбогатите луѓе во Украина, Форбс го процени на 1,8 милијарди долари.

Украинскиот тајкун е финансиер на неколку воени формации, кои се вклучени во специјална операција на истокот на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top