| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел: Пратеници во ЕП ѝ свртиле грб на химната и знамето на ЕУ

еу пратеници

На почетокот на седницата на Европскиот парламент, за време на интерпретацијата на химната на ЕУ, пратениците од партијата на Независноста на Велика Британија, со грб се свртиле кон знамето на ЕУ.

Ваквиот акт бил нивен почеток на протест  со цел ослободување на граѓаните од законодавството на ЕУ. Ова наиде на бурни рекации како во Парламентот така и кај западните медиуми.

еу пратеници1

-Ние не ја признаваме, ниту ја почитуваме химната и знамето на ЕУ. И химната и знамето се симболи на нашето потчинување во границите на една политичка заедница, која британскиот народ не ја сака. Ние ќе направиме се што е во наша моќ за да се спротиставиме на федералистичкиот систем, кој ја игнорира нашата националност, демократија и ги носи жителите ширум Европа во сиромаштија и невработеност. Ние се залагаме за народот а не за химната и знамето на ЕУ – изјавил Пол Нутал, член на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top