
Во познатата едиција „Модерен европски роман“ на издавачката куќа „ОКФ“ од Цетиње, Црна Гора, е објавен романот „Осмото светско чудо“ од реномираниот македонски писател Јордан Плевнеш.
Автор на преводот е Дарко Гашпаровиќ, хрватски книжевен критичар, чијашто студија „Плевнеш од Еригон до Осмото светско чудо“ е објавена во списанието „Форум“ на Хрватската академија на науките и уметностите.
Промоцијата на романот е закажана за време на Меѓународната конференција на УНЕСКО, „Мостовите на Балканот зборуваат“, која ќе се одржи од 17 до 20 јули во Риека.
Инаку, овој роман досега е објавен на 15 јазици во целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


