„Според ОМД, приходите од кредитната картичка, на која има портрет на Александар Велики, ќе се користат за различни цели, образовни и добротворни програми на ОМД воспоставени со цел да се зајакне единството меѓу македонскиот народ и за поддршка на нивната кауза“, пишува весникот на Грците во Австралија „Неос Космос“ чија информација ја пренесуваат медиумите во Грција.
Весникот наведува дека меѓу другите бенефиции,картичката нуди пристап до интернет банкарство, изнајмување возила и патничко осигурување. Сопствениците на картичката, кои можат да добијат наградни поени за купување кај некои трговци на мало, се поканети „да покажат поддршка и гордост за Обединетата македонска дијаспора со избирање на еден од дизајните на картичката.
За Питер Јасонидес од австралискиот грчки Совет, кој е највисокото репрезентативно тело на грчката заедница во Австралија, потегот на ОМД е „уште една провокација“.
– Јас сметам дека тие треба да го трошат своето време на сопствена едукација за историјата и за своите корени, а не на залажување самите себеси. Тие не треба да се срамат од своето културно наследство. Треба да го прифатат, изјавил Јасонидес.
Австралискиот грчки Совет најверојатно ќе поднесе формална жалба до „Виза“ поради употребата на сликата на Александар Велики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
Австралија ќе населува мигранти во малите градови и селата