| четврток, 6 декември 2018 |

Мураками ќе објави најави нова книга во април

Славниот писател го најавува новото дело по три години пауза, пишуваат странските медиуми

Haruki Murakami  tu recive 23th Catalunya International Award

Харуки Мураками ќе објави нова книга во април, три години откако го објави последниот дел од трилогијата „1Q84“, објави издавачката куќа „Бунгеишунџу“.

Досега Мураками бил зафатен со преведување на делата на странски писатели на јапонски јазик, а светскиот печат додава дека можеби новата книга ќе му го отвори патот кон освојувањето на Нобеловата награда за литература, која одамна му е на дофат.

Мураками покрај трилогијата „1Q84“ има објавено 11 романи, а сеуште не е познат насловот на новиот роман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top