| четврток, 6 декември 2018 |

И постари мажи може да донираат сперма, ако е квалитетна

spermatozoidi

Жените кои се обидуваат да забременат по пат на вештачко оплодување не треба да бидат загрижени ако донираната сперма е од постари лица. Истражувањето покажало дека не постои никаква разлика  во однос на возраста на донаторот на сперма, пренесува „Би-би-си“.

Просечната возраст на донаторите на сперма во Велика Британија се зголеми по промената на законот во  2005 година, кога се избриша правото на анонимност на донаторот, и поранешната граница од 26 сега е 34 години за донаторот. Жените биле загрижени дека со сперма од постар донатор им се намалени шансите за зачнување.

Но по анализа спроведена од страна на повеќе од 39.000 циклуси МПО помеѓу 1991 и 2012 година е утврдено  дека и постарите мажи имаат исто шанси како помладите.

– Со оглед на овие резултати, можеме безбедно да кажеме дека не е важна возраста се додека е добар квалитет на спермата, тврдат од Центарот за плодност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top