Жените кои се обидуваат да забременат по пат на вештачко оплодување не треба да бидат загрижени ако донираната сперма е од постари лица. Истражувањето покажало дека не постои никаква разлика во однос на возраста на донаторот на сперма, пренесува „Би-би-си“.
Просечната возраст на донаторите на сперма во Велика Британија се зголеми по промената на законот во 2005 година, кога се избриша правото на анонимност на донаторот, и поранешната граница од 26 сега е 34 години за донаторот. Жените биле загрижени дека со сперма од постар донатор им се намалени шансите за зачнување.
Но по анализа спроведена од страна на повеќе од 39.000 циклуси МПО помеѓу 1991 и 2012 година е утврдено дека и постарите мажи имаат исто шанси како помладите.
– Со оглед на овие резултати, можеме безбедно да кажеме дека не е важна возраста се додека е добар квалитет на спермата, тврдат од Центарот за плодност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“