| четврток, 6 декември 2018 |

Споменикот „Фаќач на крст“ поставен на пристаништето во Охрид

На градското пристаниште во Охрид денеска беше поставено спомен-обележјето „Фаќач на крст“, објави „Охрид прес“.
Фундаментот има три тона железо, 10 кубни метри бетон и е висок 2 метра. Самата скулптура „Фаќач на крст“ во бронза е висока три метри и 10 сантиметри. Спомен-обележјето е посветено на големиот христијански празни Богојавление – Водици се подигнува на иницијатива и со финансиска поддршка на кумот на манифестацијата за 2012 година, проф. д-р Ванчо Чифлиганец.

– Како кум на манифестацијата во Охрид дадов и пред Бога и пред овој искрен и чесен, вреден и хуман народ во Охрид и пошироко, дека ќе направиме заедно со Здружението „Богојавление“ еден убав споменик кој ќе ги плени, не само православните граѓани во Охрид и Македонија, туку и сите туристи. Сакаме, покрај верско и духовно обележје, тоа да биде и туристичка атракција за туристите од целиот свет – истакна Чифлиганец на чинот на осветувањето на камен-темелникот за ова спомен обележје, на 31 јануари годинава.

Скулптурата во бронза е дело на велешкиот скулптор Ангел Коруновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top