| четврток, 6 декември 2018 |

Диме јадe ќотек од девојката во новиот видеоспот (ВИДЕО)

Со освежителен и летен ритам, новата песна на Димитар Андоновски ветува дека ќе биде овогодишниот хит на летото. „Само тоа го можеш ти“ од неговиот прв албум, кој македонскиот пејач го промовираше пред неколку дена, е дело на братот и сестрата Цветкоски, со кого Димитар веќе долго има одлична соработка и песни. Лазар во неговото студио и овојпат ги подготви музиката и аранжманот, а за текстот се погрижи Магдалена.

За „Само тоа го можеш ти“ денес беше објавен и видеоспотот со интересна приказна и сцени полни со препирки меѓу Диме девојката која ја глуми Слаѓана Шила. Видеото е во продукција на „Горила“, режисер е Огнен Шапковски, а асистент на режија е познатиот фотограф Ладислав Кинг.

dime

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top