Првиот генерален адвокат на Касациониот суд на Франција (Врховен суд) Жилбер Азиберт, денеска беше уапсен во неговиот дом во Бордо. Се сомнева дека тој му доставувал на Никола Саркози доверливи информации поврзани со случајот Бетанкур, во кој се споменува името на поранешниот француски претседател како можен корисник на фиансии од најбогатата Французинка. Покрај овој висок судски функционер на кого му е изречена мерка притвор, уапсен е и адвокатот на Никола Саркози Тјери Херцог со исто обвинение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.