| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна балон со туристи во Египет, загинаа 19 патници

19 туристи загинаа при уривање на воздушен балон во градот Луксор во Египет. Несреќата ја преживеал еден туристи и пилотот кој управувал со балонот. Несреќата се случила на височина од 300 метри кога дошло до експлозија на гасот со чија помош се одржувало во воздух леталото.

Според официјалните лица, туристите биле од повеќе земји, но за сега не е соопштена нивната националност.

–       Во балонот имаше 20 патници. Од експлозијата загинаа 19. Еден туристи преживеа, како и пилотот, соопшти портпаролот на компанијата која организирала патувања со балони.

Несреќата се случила над западниот брег на реката Нил. Летање со балон за време на изгрејсонце е популарно меѓу туристите во туристичкиот центар Луксор, при што се посетуваат храмовите на фараоните.

Туризмот во Египет преживеа голем пад по Арапската пролет во 2011 година кога беше симнат од власт претседателот Хосни Мубарак, по што следуваше двегодишна политичка нестабилност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top