
Денеска во Сараево се одбележуваат 100 години од атентатот врз австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд извршен од страна на Гаврило Принцип, со што почна Првата светска војна.
Архивските институции на Босна и Херцеговина и Хрватскиот државен архив пред јавноста изложија и ретко видени документи и фотографии за атентатот и неговите последици, а историчари и публицисти од регионот и странство добија можност да го изнесат своето видување за на станите од 29 јуни 1914 година.
Централниот настан вечерва е концерт на Виенската филхармонија, на кој домаќин е австрискиот претседател Хајнц Фишер.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


