Вимблдон одлучи да стави крај на шаренилото на тениските терени и воведе нови правила откако голем дел од тенисерти започнаа да ги играат натпреварите во шарена спортска опрема.
Еден од најважните турнири во светот е познат по традицијата која наложува и публиката и играчите да се облечени во бело, а сега за тоа постојат и конкретни правила според кои облеката која ја носат тенисерите во текот на натпреварите мора да биде целосно бела, а тоа ја вклучува и долната облека.
„Долната облека која во текот на натпреварот може да биде видлива поради потењето, исто така, мора да биде целосно бела и не смее да има повеќе од еден сантиметар обоен работ“, пишува во писмото што челниците на турнирот го испратија до сите учесници.
Поради новите правила, некои од тенисерките завршија на теренот без градници
– На некои од девојките им беше кажано да се вратат во своите соблекувални и да ги сменат градниците, бидејќи на нив имало малку боја. Оние кои во моментот немаа соодветни бели спортски градници, мораа да играат без нив. Ова е апсолутно смешно – рече поранешниот тенисер Пат Кеш во интервју за „Би-би-си“.
За новите правила на Вимблдон, најмногу ја обвинуваат Серена Вилијамс, која носи најмногу шарени парчиња опрема, а според британските медиуми, една од „жртвите” на ова правило е тенисерката Наоми Броуди која на турнирот настапи без градник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


