| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот аеродром „Хеленикон“ во Атина ќе стане светски туристички комплекс

helenikon
Поранешниот аеродром во Атина и неговата крајбрежна зона, што пред извесно време му беа отстапени на меѓународен приватен конзорциум, се предвидува да се претвори во туристички центар од светска класа, со амбиција да привлекува по еден милион посетители годишно, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на авторите на проектот.
– Атина ќе стане првата европска престолнина што ќе има свој составен туристички комплекс – изјави Одисеас Атанасиу, генерален директор на грчката фирма „Ламда дивелопмент“. Во зоната на поранешниот аеродром „Хеленикон“, на осум километри јужно од Атина, предвидено е да има хотели, атрактивни паркови, градини, културни центри, луксузни станбени згради, кои до 2025 година може да обезбедуваат годишен принос од два процента од БДП на Грција или помалку од четири милијарди евра – наведува компанијата „Ламбада дивелопмент“.
Фирмата, исто така, смета дека проектот до 2025 година ќе обезбеди приближно 50.000 работни места, 20.000 во фазата на градба и 30. 000 потоа.
За 915 милиони евра „Ламбада дивелопмент“, заедно со кинескиот холдинг „Фосун“ и фирмата од Абу Даби „Ал Мабар“, го добија тендерот, што беше објавен од грчката држава за приватизација на поранешниот аеродром, објектите „заборавени“ по Олимписките игри во Атина во 2004 година, крајбрежна зона со должина од 3,5 километри и пристаништето за јахти.
Продажбата треба да биде одобрена од Државниот совет. Издавањето на одобрението за градба треба да се обезбеди во следните две години, бидејќи во спротивен случај инвеститорите имаат право да се повлечат од проектот. Градежните работи не се предвидува да почнат пред 2016 година.
Приватизацијата на „Хеленикон“ засега е една од најсериозните грчки приватизациски зделки бидејќи земјата заостанува во програмата за приватизации, изработена од меѓународните кредитори – ЕУ и ММФ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top