| четврток, 6 декември 2018 |

Успешните реформи во здравството претставени на летната школа во Милочар

змејкова

Директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Маја Парнарџиева-Змејкова, пред учесниците на 19. Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги, што се одржува во Милочар, Република Црна Гора, ги презентира искуствата од спроведените реформи во македонското здравство и предизвиците во финансирањето на македонскиот здравствен систем.
Предавањето ги опфати модалитетите за успешност на реформите во начините на плаќање, како што е плаќањето според дијагностичко сродни групи (ДСГ), воведувањето на уникатната алатка – условен буџет за целни групи на пациенти, континуиран следење на цените, поттикнување на конкуренција и зголемување на квалитетот на здравствените услуги, плаќање на специјалистички пакети за завршени епизоди на лекување.
Пред министрите за здравство на БиХ, Република Српска и Црна Гора, Русмир Месиховиќ, Драган Богданиќ и Миодраг Радуновиќ, како и пред врвните менаџери на здравствените системи од регионот и Европа, Парнарџиева-Змејкова ги објасни преземените чекори за Македонија да стане лидер во регионот во електронски услуги во здравството и ФЗОМ со проектот на електронска здравствена картичка, укинување на хартиените здравствени
книшки, воведувањето на електронскиот упат и електронските рецепти го заокружува во целост интегрираниот електронски здравствен систем.
Летната школа на тема „Здравствените системи на Југо-Источна Европа на крстопат – по декада на реформи, поглед кон иднината“ се одржува 23 до 27 јуни 2014 година, а ја организира Европскиот центар за мир и развој (ЕЦПД) при Универзитетот на ОН.
Учествуваат експерти и високи претставници на меѓународните тела за здравство меѓу кои Тихомир Домазет, директор на хрватскиот Фонд за здравствено осигурување, Арне Бјорнберг, претседател на Евро индексот за здравство и бројни еминентни експерти во сферата на
здравството од Шведска, Велика Британија, Хрватска и Србија. Собирот е најголем од овој вид во Југоисточна Европа во однос на претставување на преземените реформи во здравствените системи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top