
Претставата „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар од Скопје ќе биде изведена вечерва (21 часот) пред Паркот на езерата во општината Аеродром, на фестивалот на комедијата „Гола месечина“.
Режисер на претставата е Kоле Ангеловски, а улогите ги толкуваат: Марија Спиркоска-Илиеска, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Маја Вељковиќ-Пановска, Kалина Наумовска, Гордана Ендровска, Марија Kондовска, Зоран Љутков и други.
Премиерата беше во март 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


