| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Сината птица“ вечерва на „Скопско лето“

sinata ptica1

Претставата „Сината птица“ на Морис Метерлинк, а во режија на Златко Славенски вечерва во 20 часот ќе се изведе во Македонскиот народен театар (МНТ) во рамките на „Скопско лето“.

Според Славенски, „Сината птица“ силно ја допира публиката, која најнепосредно ја доживува приказната за двете деца што сонуваат.

– Потрагата по сината птица е потрага по нас самите, по нашата среќа, и тоа среќата дефинирана како суштински контакт со себеси, со сопствените копнежи, соништа и мисли. Единствената смисла е постојано да се трага и бара. Само така може да се создаде светот на убавината – онаа иста убавина за која Достоевски смета дека ќе го спаси светот – вели режисерот Славенски.
Во претставата играат: Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Арна Шијак, Олгица Милевска, Сашко Коцев, Тина Трпкоска, Васил Зафирчев, Весна Петрушевска, Борче Начев, Катина Иванова и др. Славенски е автор на сценографијата, заедно со Илина Ангеловска, а костимите се на Никола Ефтимов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top