Во рамките на „Скопско лето“, вечерва ( 27.07.) ќе се одржи концерт „One Night Only“ на Trio Gentlemen со почеток во 21:00 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.
Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон, Дарко Нешовски – тенор.
Билети ќе може да се купат на самиот влез на Сули ан, пред почетокот на концертот, по цена од 200 денари.
Трио Џентлмен“ функционира по урнекот на светските поп-класични состави, се наоѓаат најголемите светски поп хитови изведени во поп-класичен манир. Публиката ќе може да чуе наполитански канцони, шпански песни, руски романси како и македонско творештво.
„Трио џентлмен“ досега настапувале низ цела Македонија, но и надвор од земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.