На езерското крајбрежје пред хотелот „Палас“ во Охрид беше изведен завршниот дел од обуката на граничната полиција за спасување давеник во вода и како да се постапува при укажување прва помош. Обуката беше спроведена од страна на сертифицирани инструктори од општинскиот Црвен крст, во соработка со инструктори од Англија, јави порталот „Охридњуз“.
– Целта е да се обезбеди максимална безбедност на вода и мирно лето за охриѓани и туристите во градот – потенцира портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски.
Во завршниот дел од обуката по однапред подготвено сценарио се симулираа мерките за спасување на давеник и давање прва помош, што воедно значи и практично оценување на полициските службеници за нивните стекнати вештини и знаења.
Теоретскиот дел од обуките за припадниците на граничната полиција се изведуваа во просториите на Црвениот крст-Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.