| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Курт Кобејн ја нападна Лана Дел Реј

Популарната пејачка Лана Дел Реј пред неколку дена ја шокира јавноста со изјавата за „Гардијан“ дека би сакала да е мртва. Ќерката на Курт Кобајн, Френсис Бин, не можеше да се воздржи на ваквиот коментар, па преку „Твитер“ ја нападна Дел Реј.

Френсис прво напиша дека „смртта на млад музичар не е нешто романтично“, но набрзо го избриша тој твит за потоа да објави:

-Никогаш нема да го запознаам својот татко, затоа што умре млад. Луѓето мислат дека да се умре млад е кул. Е па не е. Зграпчете го животот, затоа што имате само еден.

Лана Дел Реј во интервју рече дека смртта на младите музичари е „гламурозна“ и својот живот го опиша како „лош филм“. Сепак, потоа таа рече дека не мислела така, туку дека прашањата на новинарот Тим Џонз биле така онципирани за да ја наведат на одговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top