Франција често се наоѓа на врвот на земјите чии жители се најмалку пријателски расположени кон туристите. Но, се чини дека Французите почнуваат да размислуваат за своите постапки кон странците.
Почнаа дискусии за тоа како тамошните булевари и пивници да ги направат што попривлечни за посетителите.
– Мора да го преиспитаме значењето на гостопримството. Признаваме дека треба да бидеме подобри и погостољубиви и да го подобрите квалитетот на услугите – изјави министерот за иновации Флер Пелерин, на конфенерцијата посветена за туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.