| четврток, 6 декември 2018 |

Што стои зад новиот конфликт во Ирак

Unrest in KarbalaДодека меѓународната заедница бара начин да се справи со состојбата во Ирак и експанзијата на насилствата меѓу сунитското и шиитското население, радио Слободна Европа анализира што стои зад засилениот напад на сунитите од северот на земјата.  Сунитите, според анализата, се сметаат за жртви на режимот на шиитската влада која го прогонува сунитското население кое е мнозинско во градот Мосул. Бунтовниците сочинети од џихадисти, исламистички групи, возобновената група Баатисти и членови на племенски групи, се надеваат дека ќе ја освојат поддршката од сунитското население кое е незадоволно.

Како главна причина за незадоволството се посочува антитерористички закон за кој сунитите тврдат дека се користи за да се држи нивната заедница под контрола. Донесен во 2005-та година, во раните години од соборувањето на Садам Хусеин, од парламент кој не беше избран на избори, Ирак се справуваше со бунт од следбениците на Хусеин и исламистички групи. Законот е сеуште на сила, а сунитите сметаат дека политичарите што ги претставуваат се маргинализирани од шиитската влада. Лани илјадници сунити протестираа против последиците од законот, како што велат, затварањето на стотици невини луѓе во притвор со години без судење. На тоа се додава и забраната членовите на партијата Баас на Садам Хусеин да соработуваат или да станат дел од власта, што е дел од ирачкиот устав. Со тоа сунитите велат дека всушност не можат да се вработат во јавните институции.

Thousands of Iraqi Shiites parade in show of forceСунитите се едноставно незадоволни од промената на рамнотежата на моќта во власта. За време на режимот на Садам Хусеин, сунитското малцинство доминираше во позициите на моќ, додека во денешен Ирак, моќта ја има само шиитското мнозинство.  Во анализата на Слободна Европа пишува дека во 2011 година, само ден откако американската војска си замина, беше уапсен сунитскиот вицепремиер и осуден на смрт под обвинение за секташко насилство. Следеа  апсења на десетина телохранители на сунитски министер исто под обвиненија за тероризам. На тој ревојт се надоврзаа и протестите со обвинувања за корумпираноста на владата. Следеа судири меѓу сунитските демонстранти и безбедносните сили во кои загинаа над 50 лица.

Iraqis volunteer to fight militantsЛистата на поплаки на сунитското население е голема, од укинатото владино финансирање на Организацијата за сунитско будење, позната уште како Синовите на Ирак, до немирите кои се предизвикани од етничката нетолерантност. Откако сунитските милитанти го заземаа градот Бохруз, радикалниот шиитски свештеник Моктада ал Садр влезе во градот со својата група и уби најмалку 23 луѓе. Омразата меѓу шиитите и сунитите беше поттикната во 2006-тата година по секташкото насилство што ја доведе земјата на раб на граѓанска војна. Екстремистички групи од двете страни водеа битки на ирачките улици по принципот „мило за драго“. Омразата и насилството во изминативе години стивнаа, но никогаш не престанаа, а во последниве месеци интензитетот на насилство расте на ниво слично на она од 2008-тата година.

Аналитичарот Чарлс Рекнагел од Радио Слободна Европа додава дека сега членовите на возобновената Баас партија се во сојуз со вооружени исламистички групи, иако имаат различни цели. Баас се залага за секуларен Ирак предводен од сунитите. Милитантите предводени од Исламската држава Ирак и Левант, пак, се залагаат за воспоставување исламски калифат врз основа на екстремното толкување на муслиманското религиозно право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top