| четврток, 6 декември 2018 |

Марин ле Пен, сепак, без група во ЕП

Marine-Le-PenПретседателката на крајно десничарскиот Национален фронт (НФ) не успеа да обедини доволно евроскептици за да создаде своја парламентарна група во Европскиот парламент. Веста ја соопшти нејзиниот сојузник од Холандија Герт Вилдерс, кој заедно со Марин ле Пен имаа склучено договор пред европските избори. Последниот рок за регистрација на политичките групи во ЕП беше вчера, притоа беа потребни најмалку 25 европратеници од вкупно 751 од седум различни земји.

Бројот на пратеници за НФ не беше проблематичен, но проблематично беше обедиунувањето на евроскептиците, кои често имаат антагонистички позициии. На НФ му недостигаа две партии од две земји, досега околу ФХ, кој победи во Франција на европските избори се обединија ПВВ на Герт Вилдерс, ФПО од Австрија, Северната Лига и белгиската Вламс Беланг.

Минатата недела другиот голем евроскептик Британецот Најџел Фарџ лидерот на УКП успеа да создаде парламентарна група, благодарејќи на Жоел Бержерон избрана под бојата на НФ, но која премина во оваа група. Создавањето на парламентарна група дозволува поголема видливост во ЕП. Добивање на субвенции во висина од околу 30 милиони евра за пет години, можност да се биде известувач, да се поднесуваат амандмани, учество во конференцијата на претседателите итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top