По кратка музичка пауза, Влатко Лозаноски-Лозано ја претстави новата песна „Мандарина“, која вчеравечер заедно со видеоспотот беше пуштена на „Јутјуб“.
– Особено сум задоволен од песната, а со финализирањето на спотот ќе добиеме одличен производ. „Мандарина“ е песна што разиграноста на љубовниот занес го има вткаено во ритамот, во текстот и токму затоа очекувам да биде вистински летен хит. Со нетрпение ги очекувам реакциите на фановите затоа што многу време, емоции и труд вложивме во нејзиното создавање. Промоцијата на песната и спотот ќе биде за многу скоро време затоа што летото веќе почна, a оваа песна е мојот подарок за сите вљубеници во убавиот разигран ритам – изјави Влатко Лозаноски.
Песната е правена според музиката и аранжманот на Лазар Цветкоски, додека, пак, текстот е потпишан од Магдалена Цветкоска и од Милан Миланов Коса.
Видеоспотот за „Мандарина“ е на „Горила продукција“ во режија на Огнен Шапкаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)