За агресивноста на кучињата се води долга и исцрпувачка дебата. Дали таа е исклучиво резултат на кучешката природа, дали зависи од агресивноста и воспитувањето од сопствениците, но и многу други прашања. Во меѓувреме, не сопираат вести за напади на кучиња од расите кои се сметаат за исклучително опасни. Така, на интернет се споделува видео од Аргентина од нападната сопственичка на питбул. Иако облеана во крв и во тешки страдања од кучето кое ја растргнува, особено нејзината рака, никој од присутните не се осмелува да ѝ помогне. Фрлените предмети и викањето воопшто не го одвлекоа вниманието на кучето, кое продолжува сѐ до доаѓањето на полицијата. Според информациите, раката на 58-годишната несреќничка потоа била ампутирана.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: снимката е вознемирувачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)