Американските компании „Гугл“ и „Мајкрософт“ во своите оперативни системи за мобилните телефони поставија опција за „уништување“.
Ваквата опција е метод со кој телефонот, во случај на кражба, станува целосно нефункционален.
Засега, ваквата функција му овозможува на корисникот да реагира преку сервисот до кој може да пристапи преку кој било друг телефон. Всушност, корисникот може да се логира и при тоа од украдениот телефон да ги избрише сите свои лични податоци, да го оневозможи функционирањето на телефонот без посебна авторизација и при тоа да оневозможи негово повторно вклучување.
Ваквата опција е на иницијатива на властите во светот, кои од технолошките фирми побараа да преземат чекори за да се намали кражбата на телефони. На нивно барање, опцијата уништување ќе биде достапна за корисниците на мобилните телефони со оперативен систем „андроид“ и „Виндоус фон“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.