Холивудската актерка Меган Фокс откри дека откако се породи работи само 20 дена годишно за да може што повеќе време да поминува со своите деца.
– Морам да снимам барем еден филм годишно за да инвестирам во иднината на своите деца и да можам да им платам студирање – истакна Фокс додавајќи дека се чувствува виновна кога ќе се одвои од семејството.
– Се согласувам да глумам во филмови кои се снимаат во Лос Анџелес, каде што поголемиот дел од проектот би бил и би се снимал 10 до 20 дена. Се трудам што помалку да бидам одвоена од децата – наведе актерката.
Меган веќе неколку години е во брак со Брајан Остин Грин со кој има два сина, едногодишниот Ноа и четиримесечниот Бодија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Молел за шолја чај, а сега е светска ѕвезда и заработува милиони! (видео)
-
Како испарија милионите на Бекер: Ја изневерил трудната сопруга со келнерка во остава за метли!
-
Заработила 100 милиони долари од продажба на салати – таа е македонска милионерка!
-
Витсел се откажа од европски фудбал, се реши за кинеските милиони