| четврток, 6 декември 2018 |

Витсел се откажа од европски фудбал, се реши за кинеските милиони

aksel-vitsel

Алекс Витсел се приклучи на групата на фудбалери кои ги избра парите пред професионалните амбиции, па белгискиот репрезентативец во првиот ден од новата година го официјализираше својот трансфер во Кина. Иако се чинеше дека трансферот во Јувентус е целосно договорен, Белгиецот се премисли откако на сцена стапија кинеските клубови, кои тргнаа во тотална офанзива за негов потпис.

Иако првата понуда пристигна од екс-тренерот на Зенит, Андре Вилјаш Боаш, сега стратег на Шангај СИПГ, Витсел сепак кариерата ќа ја продолжи играјќи за Фабио Канаваро. Екс-репрезентативецот на Италија, кој сега е предводник на Тианџин, успеа да го убеди Белгиецот да му се приклучи во далечната Кина. Секако, не беа доволни аргументи, туку многу пари, па така белгискиот интернационалец ќе потпише четиригодишен договор за плата од 18 милиони евра по сезона, што е четири пати повеќе од сумата што му ја нудеше Јувентус.

Што се однесува до Зенит, рускиот гигант ќе заработи 15 милиони евра од продажбата на фудбалерот, кој во јули можеше да си замине без никаква отштета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top