Од денска пензионерите ќе можат да се возат во автобус бесплатно и во недела. Потребно ќе биде само да покажат лична карта. Одлуката ја донесе Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19 февруари годинава, но со одложена примена до завршувањето на претседателските и парламентарните избори.
Повозрасните граѓани досега имаа можност бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“ во вторник, петок и сабота.
– Одлуката за бесплатен превоз и во недела, не само што ќе им биде од корист на повозрасните граѓани, туку и ќе го намали метежот во автобусите на ЈСП „Скопје“ во текот на работните денови, информира Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пред суспензија 100 косовски полицајци, покрај платата земале и инвалидски пензии како борци на ОВК
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги излажа пензионерите – нема покачување на пензиите
-
Јохан Тарчуловски со програма за младите, семејствата и пензионерите
-
На средба со сениорите: Коневски го посети пензионерскиот дом во Аеродром (Фото)