| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ја поддржа одлуката на Порошенко за прекин на огнот и повика на преговори

putin_649061S1

Рускиот претседател Владимир Путин ја поддржа одлуката на украинскиот колега Петро Порошенко за прекин на огнот во југоисточниот дел на земјата, како и намерата за преземање конкретни чекори за мирно решавање на конфликтот.

Путин „ги повика страните во конфликтот да ги прекинат сите воени дејствија и да седнат на преговарачка маса“.

Според рускиот претседател планот, предложен од Порошенко, „нема да биде реален без пракса, која води кон почеток на преговарачки процес“.

Тој нагласи дека „не е дозволена ситуацијата кога по наредба за прекин на огнот, од украинска страна на територијата на Русија паѓаат куршуми, што не причинува само материјална штета туку претставува и опасност за животот и здравјето на нашите граѓани“.

– Претставениот мировен план од страна на Порошенко не треба да има карактер на ултиматум. Можноста која се отвора со прекин на воените дејствија треба да се искористи за почеток на конструктивни преговори и постигнување на политички компромиси меѓу спротивставените страни во источниот дел на Украина, потенцира рускиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top