Скапите аргентински ѕвезди едвај успеаа да ја победат репрезентацијата на Иран во второто коло од групата Ф.
Мечот заврши со мининални 1:0 откако Иранците кои во најголемиот дел од мечот се бранеа во последните дваесетина минути имаа две одлични шанси.
И покрај теренската иницијатива и поголемиот број шанси аргентинскиот тим предводен од Меси, Ди Марија и Агуеро не успеа да даде повеќе од еден гол и тоа дури во втората минута од судиското продолжение.
Иран може да жали најмногу поради шансата на својот напаѓач Кочанеџад кој во 88 минута не успеа да даде гол откако излезе сам пред голот на Ромеро кој со крајни напори ја спаси Аргентина од голем срам.
По оваа средба во групата Ф прва е Аргентина со 6 бода пред Иран со 1 а вечерва играат Босна и Херцеговина (нема ниту еден бод) против Нигерија која е на третото место со бодот освоен против Иран.
Победникот од оваа група Аргентина вкрстува со групата Е каде засега втор е Еквадор а вториот ќе игра против одличната Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


