| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит ќе биде кум на свадбата на Џорџ Клуни

brad i kluni
Тетката на американскиот актер Џорџ Клуни за медиумите изјави дека најверојатно на неговата свадба кум ќе му биде колегата Бред Пит.

„Мислам дека тој ќе го избере Бред Пит. Тие се добри пријатели, ја сум убедена дека ќе го избере него”, изјавил роднината на Џорџ Клуни за Hollywood Life. Клуни викендот на 7-ми јуни го минал викендот со своите роднини во домот во Аугуста, во американската сојузна држава Кентаки.

Американскиот актер Џорџ Клуни, кого го следеше репутацијата на најпосакуван ерген на Холивуд, и британската адвокатка Амал Аламудин, со којашто неодамна објавија беридба, ја најавија свадбената церемонија за септември.

Според извори блиски на Амал, невестата на актерот уште не се брза да ги испрати поканите до своето семејство, но ги предупредила дека во септември ќе треба да појдат во Италија и во Либан, каде што по свадбата ќе се одвива „забава за роднините”.

„Сите мислат дека тие ќе се венчаат на езерото Комо (северна Италија, над Милано – з.р), каде што 53-годишниот Џорџ има прекрасна вила, но 36-годишната Амал мисли дека тоа место е премногу јавно. Тие планираат да организираат мала свадба во италијанско село, каде што ќе може да го контролираат присуството на фотографите. Тие сé уште се немаат решено”, рекол извор близок на двојката.

Клуни, двоен добитник на престижната филмска награда Оскар, зад себе има еден брак, но по разводот во 1993 година стана најпознатиот самец во Холивуд. Притоа тој честопати изјавуваше дека повеќе никогаш нема да се жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top