Првата слободна недела по долгата и напорна сезона во која освои пет трофеи со Барселона и бронза со шпанската репрезетација на европското првенство во Данска, капитенот на каталонците Виктор Томас го искористи да „рипне в тавче„ Имено вчера во прекрасен амбиент се ожени Виктор Томас со избраничката на неговото срце Хеге Болстад.
Соиграчот на Кирил Лазаров во Барселона го кажа судбоносното ДА пред одбрано друштво на пријатели, меѓу кои имаше и голем број негови клубски другари, тренерот Хавиер Пасквал и челници на ракометната секција на Барселона. Фотографите беа нестрпливи да ги забележат многуброните ВИП гости.
29 годишниот Томас е роден каталонец и настапува само за Барселона во текот на целата своја кариера. Дресот на шпанската репрезентација го носел 121 пат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.