| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една загуба во светот на филмот: Почина познатиот комичар

Американскиот комичар Џеј Томас, познат по улогите во сериите „Марфи Браун“ и „Кафулето Наздравје“, умре во 70-тата година од животот, соопшти неговиот публицист Том Ести.

-Томас беше еден од најсмешните и најљубезните луѓе и ми беше чест да го наречам клиент и пријател повеќе од 25 години- наведува Ести во соопштението.

Американските медиуми јавија дека Томас боледувал од рак.

За улогата во серијата „Марфи Браун“, Томас доби две Еми награди.

Томас работеше и како радиски Ди Џеј и тоа искуство го доведе до стендап комедијата и подоцна во театарот и на телевизија.

Глумеше и во серијата „Ред и закон: Одделение за жртви“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top